0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталВидео изјаваЕкономијаОпштество

КИФ со заеднички иницијативи за борба против корона кризата

Стопанската комора на Македонија и нејзините партнери од регионот, заеднички, обединети во Коморскиот инвестициски форум (КИФ), иницираат зајакнување на економската соработка и интеграција, забрзување на создавање заедничка економска област на Западен Балкан и подлабока интеграција на регионот во правниот и економскиот систем на Европската унија. Ова, според КИФ, е клучно за закрепнување на регионалните економии од ефектите на пандемијата КОВИД-19.

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Стопанската комора на Македонија и нејзините партнери од регионот, заеднички, обединети во Коморскиот инвестициски форум (КИФ), иницираат зајакнување на економската соработка и интеграција, забрзување на создавање заедничка економска област на Западен Балкан и подлабока интеграција на регионот во правниот и економскиот систем на Европската унија. Ова, според КИФ, е клучно за закрепнување на регионалните економии од ефектите на пандемијата КОВИД-19.

Како што рече денеска на прес-конференција претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, КИФ во изминатиот период целосно ги насочи ресурсите кон обезбедување помош и поддршка за компаниите кои работат на регионалните пазари, за надминување на проблемите и обезбедување непречено работење и функционирање на компаниите во тековните околности поврзани со коронавирусот.

– Додека целокупната македонска јавност е окупирана со прашањето за избори: избори да, избори не, избори сега, избори наесен, прашања кои излегуваат од доменот на нашата реална моќ, а следејќи ги нашите заложби за конструктивно делување во услови на криза од широки размери, денеска би сакале да презентираме две иницијативи кои во изминативе денови ги покренавме со нашите партнери во регионот на Западен Балкан обединети во Коморскиот инвестициски форум (КИФ), истакна Пешев.

Тој се осврна на последните согледувања во Комората кои покажуваат негативни ефекти врз работењето на челичната индустрија.

– Воведените заштитни мерки за увоз на челик во ЕУ кои се применуваат од 01.02.2019 година, предизвикуваат сериозни негативни ефекти врз работењето на оваа индустрија во целиот регион. Конкретно, во однос на македонската челична индустрија, во изминатиот период се бележи драстичен пад на увозот и извозот на производи поврзани со челикот во државата. Во периодот јануари-декември 2019 година, во споредба со истиот период претходната година, се бележи пад на увозот на суровини и репроматеријали од три отсто во однос на стоките во кодот 72 според ХС (железо и челик) и пад од шест проценти на стоките во кодот 73 според ХС. Истовремено, како резултат на воведените заштитни мерки, во периодот јануари-декември 2019 година, во споредба со истиот период претходната година, извозот на производи во ЕУ во кодот 72 според ХС бележи пад од 2,46 отсто, додека извозот на производи во кодот 73 бележи пад од 31,21 процент, рече Пешев. мч/сп/

Back to top button
Close
Close