0_Спорт.ПорталФудбал

Киеза ќе го пропушти дербито со Наполи

Јувентус објави дека напаѓачот Федерико Киеза поради повреда ќе го пропушти натпреварот од 3. коло во Серија А против Наполи.

Торино, 10 септември 2021 (МИА) – Јувентус објави дека напаѓачот Федерико Киеза поради повреда ќе го пропушти натпреварот од 3. коло во Серија А против Наполи.

Фудбалерот се повреди додека беше во италијанската репрезентација во септемврискиот квалификациски циклус за СП 2022.

По лекарскиот преглед, кај фудбалерот не беше констатирана сериозно повредена, но сепак ќе го пропушти саботниот натпревар.

Исто така, Пауло Дибала, Данило, Алекс Сандро, Родриго Бентанкур и Хуан Куадрадо нема да учествуваат во дербито.

Натпреварот Наполи – Јувентус ќе се одигра утре од 18 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close