0_Спорт.ПорталФудбал

Киелини ќе продолжи со Јувентус

Клубот, исто така, е во преговори со Џанлуиџи Буфон и Леонардо Бонучи.

Торино, 25 март 2020 (МИА) – Новиот договор на дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Килини е само прашање на формалности, велат од „Газета дело Спорт“.

Клубот, исто така, е во преговори со Џанлуиџи Буфон и Леонардо Бонучи.

Договорите на Буфон и Киелини истекуваат ова лето, а изданието веќе објави дека голманот се согласил да остане во тимот најмалку уште една сезона. Сега и за дефанзивецот доаѓаат исти информации.

Тој скина лигаменти на почетокот на сезоната, откако се врати во игра непосредно пред паузата во првенството поради пандемијата од коронавирус.

Таг
Back to top button
Close
Close