Дописници МКДОпштество

Кичевското муфтиство започна постапка за дезинфекција на верските објекти

Кичевското муфтиство презема конкретни чекори за заштита од коронавирусот. Најпрво ги дезинфекцираа канцелариите на Муфтиството во Кичево, а потоа испратија информација и апел до сите џамии кои се под негова ингеренција да ги дезинфицираат објектите и редовно да ја одржуваат хигиената.

Кичево, 17 март 2020(МИА) – Кичевското муфтиство презема конкретни чекори за заштита од коронавирусот. Најпрво ги дезинфекцираа канцелариите на Муфтиството во Кичево, а потоа испратија информација и апел до сите џамии кои се под негова ингеренција да ги дезинфицираат објектите и редовно да ја одржуваат хигиената.

Денеска се изврши дезинфекција на објектот на Муфтиството во Кичево, исто така и неколку џамии извршија ваква соодветна дезинфекција на нивните простории, соопшти Муфтиството.

-Муфтиството во Кичево апелира и упатува повик до сите џамии во овој регион редовно да се одржува хигиената и според можностите да се направи соодветна дезинфекција, ако се уште не е направена. Молиме Аллах да не заштити од секое лошо и да ја надминеме ова ситуација без проблем и со лесно, се вели во апелот од Муфтиството. рз/вј/

Back to top button
Close
Close