Дописници МКДОпштински вести

Кичевски„ Комуналец“ набави нова метларка со средства од Бирото за регионален развој

Кичевски„ Комуналец“ набави нова машина за чистење на улиците, метларка, со средства во износ од 4.600.000 денари обезбедени од Бирото за регионален развој на РСМ. Ова е за првпат градските улици да се чистат со помош на машина за разлика од досега, кога истата операција се вршеше исклучиво мануелно.

Скопје, 13 септември 2021 (МИА) – Кичевски„ Комуналец“ набави нова машина за чистење на улиците, метларка, со средства во износ од 4.600.000 денари обезбедени од Бирото за регионален развој на РСМ. Ова е за првпат градските улици да се чистат со помош на машина за разлика од досега, кога истата операција се вршеше исклучиво мануелно.

Директорот на „Комуналец“ Зенел Јонузи е задоволен од набавката на оваа машина и посочи дека за да биде целосно градот со добра чистота, потребни се уште две вакви машини.

-Набавивме нова метларка чиј производител е компанијата „Брако“од Велес. Оваа метларка во мерка ќе ги замени работниците, кои досега рачно ја одржуваа хигиената на градските улици. Но за да бидеме комплетно екипирани, неопходни се уште две вакви машини кои би ги вклучиле во секојдневно чистење на градските улици, што секако ќе придонесе градот редовно да биде почист. И покрај набавката на оваа метларка, градот ќе го чистиме комбинирано дел со новонабавената машина а дел како и досега рачно, нагласи директорот Јонузи.

Тој истакна дека оваа машина најмногу ќе биде користена за одржување на хигиената на градските булевари и на Магистарлниот пат што транзитира низ Кичево.

Деновиве стручно лице од компанијата добавувач престојуваше во комуналното претпријатие, за да ги запознае вработените со начинот на работа на метларката и нејзините карактеристики.за/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close