Дописници МКДОпштински вести

Кичево ќе добие нов градски плоштад и нова капела од ТАВ-програмата

Општина Кичево, со средства од ТАВ-програмата, ќе реализира два проекти што беа прифатени од страна на Владата на Република Северна Македонија. Се работи за проект за изградба на нов градски плоштад и капела кај новите христијански гробишта. Двата проекти ќе чинат вкупно 1.174.000 евра.

Кичево, 26 јули 2021 (МИА) – Општина Кичево, со средства од ТАВ-програмата, ќе реализира два проекти што беа прифатени од страна на Владата на Република Северна Македонија. Се работи за проект за изградба на нов градски плоштад и капела кај новите христијански гробишта. Двата проекти ќе чинат вкупно 1.174.000 евра.

Како што информираат оттаму, првиот капитален проект вреден 800.000 евра се однесува на изградба на нов градски плоштад, на кој ќе бидат сменети старите плочки и ќе бидат поставени нови.

– Ќе се инсталира ново јавно осветление а ќе биде поставена и нова урбана опрема, по што плоштадот ќе блесне во нов сјај и ќе биде привлечно место за прошетки, како за локалните жители , така и за сите гости кои престојуваат или транзитираат низ Кичево, истакна првиот човек на општинската администрација, Фатмир Дехари, кој го најави и вториот проект што ќе се реализира од оваа програма.

Вториот капитален проект кој го прифати Владата а ќе биде финансиран од ТАВ програмата, е изградба на нова капела кај христијанските гробишта, за кој се обезбедени 374.000 евра.

– За ваков објект градот Кичево одамна имаше насушна потреба и конечно и оваа најава ќе се реализира, додава Дехари.

Тој посочи дека изборот на изведувачи за двата проекти ќе ги изврши инвеститорот а време на реализација за ваков вид на проекти е шест месеци од почетокот на градба. за/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close