0_Web_АктуелноДописници МКДОпштински вести

Кичево денеска без вода за пиење

Во градот Кичево денеска корисниците на вода за пиење претежно во централното градско подрачје од 8 до 14 часот ќе бидат без вода за пиење, информираат од JКП „Комуналец“ што стопанисува со водоснабдувањето во оваа општина.

Кичево, 14 август 2020 (МИА) – Во градот Кичево денеска корисниците на вода за пиење претежно во централното градско подрачје од 8 до 14 часот ќе бидат без вода за пиење, информираат од JКП „Комуналец“ што стопанисува со водоснабдувањето во оваа општина.

Прекините ќе бидат на булевар „Oслободување“ и тоа во делот од обиколницата на автопатот Охрид-Скопје до обиколницата кај бензинската пумпа „Пучко Петрол“, потоа улиците „11 Септември“, „4 Јули“ и улицата „11 Декември“.

– До овој прекин ќе дојде поради остранување на поголем дефект на еден од вентилите на главниот цевковод во овој дел на градот, објаснуваат од кичевски „Комуналец“. рз/мс/

Back to top button
Close
Close