Дописници МКДОпштински вести

Кичевчанецот Лулзим Јахоја меѓу добитниците на националното признание истакнат волонтер

Секоја година Црвениот крст на Р.С.Македонија поповод 5 - Денот на волонтерството, доделува национални признанија на истакнати волонтери на организацијата, кои дале посебен придонес со својата волонтерска служба во Црвениот крст во локалните заедници во 2019 година.

Кичево , 13 декември 2019 (МИА) – Секоја година Црвениот крст на Р.С.Македонија поповод 5 – Денот на волонтерството, доделува национални признанија на истакнати волонтери на организацијата, кои дале посебен придонес со својата волонтерска служба во Црвениот крст во локалните заедници во 2019 година.

По овој повод годинава организацијата додели три признанија на истакнати волонтери, меѓу добитниците е и кичевчанецот д-р Лулзим Јахоја од Општинска организација на Црвен крст во Кичево.

-Волонтерството е важно средство за социјална вклученост и претставува важен пат кон градење на општествениот капитал во заедниците. Заради тоа постојано се инспирираат луѓето за вредностите на волонтирањето и ангажманот во Црвениот крст. Токму овој постулат и секако хуманизмот што јас го носам во срце , ми дава мотив и сила за да придонесувам како волонтер во рамките на Црвениот крст во Кичево, истакна Јавија.

Тој рече дека искрено се радувам и е горд на добиеното признание и изрази благодарност до Црвениот крст за вреднувањето.

Упати апел до сите млади да се вклучат што по масовно во волонтерството за добробит на општеството.

Инаку Јахоја планира и натаму да биде активен волонтер, иако тој повеќе од 14 години е вклучен како волонтер во Црвениот крст во Кичево. рз/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close