0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономијаОригинални текстови

КХВ и ја одзема дозволата за вршење услуги со хартии од вредност на Еуростандард банка

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 77-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити, а што се одржа денеска на 13 –ти август, 2020 година на Еуростандард Банка АД Скопје - Дирекција за услуги со хартии од вредност трајно и ја одзема дозволата за работа за вршење услуги со хартии од вредност. Ваквата одлука, Комисијата ја донесе откако беше доставено известување и Решение од Народната Банка на РСМ за укинување на дозволата за основање и работење и исполнување на условите за отворање на стечајна постапка на Евростандард Банка АД Скопје.

Скопје,13 август 2020

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 77-тата седница со која претседаваше претседателот на КХВ м-р Нора Алити, а што се одржа денеска на 13 август 2020 година на Еуростандард Банка АД Скопје – Дирекција за услуги со хартии од вредност трајно и ја одзема дозволата за работа за вршење услуги со хартии од вредност. Ваквата одлука, Комисијата ја донесе откако беше доставено известување и Решение од Народната Банка на РСМ за укинување на дозволата за основање и работење и исполнување на условите за отворање на стечајна постапка на Евростандард Банка АД Скопје.

Поради овие ново настанати околности,  Комисијата за хартии од вредност ги задолжи Македонската Берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, Еуростандард Банка АД Скопје да ја исклучат од членство, така што Дирекцијата за услуги со хартии од вредност повеќе нема да врши услуги поврзани со работењето со хартии од вредност, односно нема да биде овластен учесник на пазарот на хартии од вредност.

Комисијата за хартии од вредност нагласува дека нашиот пазар на хартии од вредност  останува да биде стабилен, функционален и целосно ефикасен. Истовремено укажува дека трговските трансакции со хартии од вредност кои до укинувањето, односно одземањето на дозволата на банката биле склучени, ќе се реализираат во целост согласно важечките законски прописи и правила.

Клиентите кои услугите на пазарот на хартии од вредност ги остварувале преку Дирекцијата на Еуростандард Банка АД Скопје ќе можат да ги вршат преку другите овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close