0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Кевин Лав: Во одреден момент, јас веќе знаев дека Леброн ќе го напушти Кливленд

Кошаркаропт на Кливленд кавалирс, Кевин Лав изјави дека од порано претпоставил за заминувањето од екипата на Леброн Џејмс во 2018 година.

Кливленд, 7 мај 2020 (МИА) – Кошаркаропт на Кливленд кавалирс, Кевин Лав изјави дека од порано претпоставил за заминувањето од екипата на Леброн Џејмс во 2018 година.

– Да, го знаев тоа. Во одреден момент, јас веќе претпоставував. Отсекогаш го имав тоа чувство, а за време на трансфер рокот веќе знаев дека наскоро се ќе заврши. Разменивме многу момци тој февруари и стана јасно дека тоа ќе се случи. Леброн е паметен, тој сака да ја контролира ситуацијата и да го види векторот на развој. Тој сака да види каде оди клубот. Во тој преоден рок работевме на перспективата, изјави Лав.

Леброн Џејмс од 2003 до 2010 играше за Кливленд, потоа четири години беше дел од Мајами, за во 2014 година повторно да се врати во Кавалирс. Од 2018 година е член на Лос Анџелес лејкерс. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close