0_Спорт.ПорталФудбал

Кевин де Бруин: Ако Сити не ја освои ЛШ, сите ќе речат дека сме губитници, како во последните пет години

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруин, ги сподели своите размислувања пред одигрувањето на првиот меч од осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

Лондон, 24 февруари 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруин, ги сподели своите размислувања пред одигрувањето на првиот меч од осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

  • Секако, Реал Мадрид е фаворит. Тие имаат освоено најмногу трофеи во ЛШ. Но, мислам дека ние, како и секогаш, ќе се обидеме да го играме нашиот фудбал и да дејствуваме во напаѓачки стил. Ќе се обидеме да ги ставиме под притисок, да имаме добар натпревар и, ако е можно, да победиме. Ако не ја освоиме Лигата на шампионите, тогаш сите, како и во последните 5 години, ќе речат дека сме губитници. Ова е натпреварување на кое сè уште не сме победиле. Секогаш сакаме да ги земеме сите трофеи, изјави Де Бруин.

Натпреварот Реал – Манчестер сити е закажан за в среда во Мадрид со почеток во 21 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close