0_Спорт.ПорталФудбал

Кејн се надева дека брзо ќе стигне до 200 гола во Премиер лигата

Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, по победата над Вест Хем во 31-то коло од шампионатот на Англија (2-0) призна дека сака да остави белег во првенството со 200 постигнати гола.

Лондон, 24 јуни 2020 (МИА) – Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, по победата над Вест Хем во 31-то коло од шампионатот на Англија (2-0) призна дека сака да остави белег во првенството со 200 постигнати гола.

– Добро е, но секогаш може да биде подобро. Двесте натпревари летаа многу брзо. Годините минуваат, и треба да извлечеш максимум од ова време. Јас имам 26 години, па се надевам дека можам брзо да стигнам до 200 гола, изјави Кејн.

Тој вчера беше стрелец на вториот гол за Тотенхем и сега има 137 погодоци. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close