0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Кејн може да се пресели во Јунајтед следното лето

Извори блиски до Кејн сакаат да знаат дека играчот е склон да се пресели во Манчестер Јунајтед. Ова треба да им даде зелено светло на „црвените ѓаволи“, за да се обидат да го привлечат во текот на летото.

Лондон, 5 март 2020 (МИА) – Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн ќе размисли за трансфер во Манчестер Јунајтед летово. Според „Гол“, напаѓачот претпочита да премине на „Олд Трафорд“, наместо да чека Тотенхем да изгради нов тим кој на крајот ќе се бори за трофеи во некоја фаза. Доколку лондонскиот тим не успеат да се квалификуваат во Лигата на шампионите оваа сезона, тоа ќе биде уште една причина за да побара променана средината.

Извори блиски до Кејн сакаат да знаат дека играчот е склон да се пресели во Манчестер Јунајтед. Ова треба да им даде зелено светло на „црвените ѓаволи“, за да се обидат да го привлечат во текот на летото.

Напаѓачот има договор со Тотенхем до 2024 година, а претседателот на „петлите“ ќе бара солидна сума за својата sвезда. Сепак, 26-годишниот Кејн не планира да го продолжи договорот што го потпиша во 2018 година. Тој е заинтересиран да се бори за трофеи, а тимот од Лондон во моментов не изгледа како тим што може да го стори тоа.

Кејн во моментов е повреден и можеби нема да игра до крајот на сезоната. Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, најави дека нема да ризикува со неговата состојба и да го стави во игра пред целосно да се опорави. Главната цел на напаѓачот е да се опорави до летото за да може да игра на Европското првенство со репрезентацијата на Англија.

Таг
Back to top button
Close
Close