0_Спорт.ПорталФудбал

Кејн го информираше раководството на Тотенхем за желбата да се пресели во Манчестер сити

Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн го извести раководството на лондонскиот клуб дека сака да се пресели во Манчестер сити, објавија некои британски медиуми.

Лондон, 2 август 2021 (МИА) – Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн го извести раководството на лондонскиот клуб дека сака да се пресели во Манчестер сити, објавија некои британски медиуми.

Во јули 2021 година, беше објавено дека 28-годишниот Англичанец се договорил со „граѓаните“ за соработка до 2026 година. Сити е подготвен да плати 187 милиони евра за фудбалерот.

Минатата сезона Кејн одигра 49 натпревари, постигна 33 голови и оствари 17 асистенции. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 120 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close