0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Кејн: Ако против Данска одиграме како што знаеме, ќе се пласираме во финалето

Напаѓачот на Англија, Хари Кејн ги сподели своите очекувања за полуфиналето на Европското фудбалско првенство 2020 против Данска.

Лондон, 5 јули 2021 (МИА) – Напаѓачот на Англија, Хари Кејн ги сподели своите очекувања за полуфиналето на Европското фудбалско првенство 2020 против Данска.

– Како прво, Данска е одличен тим. Минатата година двапати игравме во Лигата на нациите со нив, и не забележавме победа, одигравме нерешено и загубивме. Оттогаш добивме интензитет во играта, но треба да се фокусираме на нас самите. Полуфиналето ќе се одржи на нашиот стадион, и ние мора да ги искористиме сите овие позитивни аспекти. Ако играме како што знаеме, ќе имаме одлична можност да се пласираме во финалето, изјави Кејн за официјалната веб-страница на УЕФА.

Полуфиналето Англија – Данска ќе се одржи на 7 јули во Лондон со почеток во 21 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close