0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Кејхон е подготвен да ја заврши сезоната за Наполи бесплатно

Договорот на 33-годишниот Шпанец истекува на 30 јуни, но поради пандемијата од коронавирус, првенството во Серија „А“ ќе продолжи во јули и август.

Неапол, 25 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Наполи, Хозе Кајехон е подготвен да ја заврши сезоната со тимот бесплатно, пренесува „Фудбал Италија“.

Договорот на 33-годишниот Шпанец истекува на 30 јуни, но поради пандемијата од коронавирус, првенството во Серија „А“ ќе продолжи во јули и август.

Кајехон изјави дека е подготвен да игра за Наполи два месеци без плата. Сè што бара е осигурување од повреда.

Шпанецот игра за Наполи од 2013 година и досега има постигнато 80 гола на 338 натпревари.

Оваа сезона тој има постигнато два гола на 34 натпревари.

Таг
Back to top button
Close
Close