0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Казнени налози за седум лица од ОЈО Гостивар поради кршење на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица за сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, обвинетите го прекршиле полицискиот час и за време на забраната се движеле на различни локации во градот, со што постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежното обвинителство на Судот за сите обвинети предложи парични казни во висина од 100 дневни глоби, стои во соопштението. вг/​ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close