ОпштествоХроникаХроника.Портал

Казнени налози за двајца штипјани и една скопјанка

Основното јавно обвинителство Штип до штипскиот Основен суд достави предлози за издавање казнени налози против три лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, соопштија од ОЈО Штип.

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Штип до штипскиот Основен суд достави предлози за издавање казнени налози против три лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, соопштија од ОЈО Штип.

– Со предлогот, Обвинителството побара Судот да ги огласи обвинетите за виновни и да им изрече парични казни во износ од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 10 евра во денарска противвредност, објаснуваат од Обвинителство.

Обвинетите, двајца штипјани и скопјанка, кривичното дело го сториле со непридржување кон забраната за движење при што за време на полициски час биле забележани како се движат низ Штип пеш и со автомобил на различни локации.​ оџ/сп/

Back to top button
Close
Close