0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Казнени налози за четири лица од Штип за непочитување на забраната за движење

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Штип, денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица, соопштија од ОЈО Штип.

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Штип, денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица, соопштија од ОЈО Штип.

-На лицата им се става на товар дека не ги почитувале мерките за забрана за движење и во време на полициски час, без дозвола се движеле на различни места во градот, при што сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од обвинителство.

Обвинителството му предложи на Основниот суд Штип на обвинетите да им биде изречена парична казна во висина од 500 евра во денарска противвредност, односно по 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да изнесува 10 евра. оџ/ац/

 

Back to top button
Close
Close