0_Спорт.ПорталКошарка

Казинс ќе ја продолжи кариерата во Хјустон

Центарот Демаркус Казинс ќе ја продолжи својата кариера во Хјустон, објави инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Харанија.

Хјустон, 24 ноември 2020 (МИА) – Центарот Демаркус Казинс ќе ја продолжи својата кариера во Хјустон, објави инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Харанија.

Според изворот, 30-годишниот Американец потпишал негарантиран договор за период од една година.

Казинс е четирикратен НБА-ол-стар и олимписки шампион со тимот на САД. Минатото лето, кошаркарот потпиша договор со Лејкерси, но беше избркан од тимот во февруари 2020 година, бидејќи немаше одиграно ниту еден натпревар за Лејкерс поради повреда на коленото. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close