0_Спорт.ПорталФудбал

Кавани и Муние решија да не ги обновуваат договорите со ПСЖ и нема да играат во ЛШ

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани и дефанзивецот Томас Муние решиле да не ги обновуваат договорите, објави „РМЦ Спорт“. Нивните договори истекуваат на 30 јуни.

Париз, 20 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани и дефанзивецот Томас Муние решиле да не ги обновуваат договорите, објави „РМЦ Спорт“. Нивните договори истекуваат на 30 јуни.

Така, фудбалерите нема да играат за тимот во Лигата на шампионите.

Претходно, ПСЖ обезбеди четвртфиналето во елитното фудбалско натпреварување.

Поради пандемијата на коронавирус, преостанатите натпревари од Лигата на шампионите се одложени до август.

Шампионатот на Франција не беше доигран, ПСЖ беше прогласен за шампион. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close