Дописници МКДОпштински вести

Кавадарци со нов систем за електронско пријавување проблеми од страна на граѓаните  

Кавадарци има нов систем за електронско пријавување проблеми од страна на граѓаните, информираа денеска од кавадаречката локална самоуправа.     

Кавадарци, 21 септември 2020 (МИА) – Кавадарци има нов систем за електронско пријавување проблеми од страна на граѓаните, информираа денеска од кавадаречката локална самоуправа.

-Општина Кавадарци со голем интензитет работи на проекти преку кои се доближуваме до граѓаните и им го олеснување пристапот до општината и достапноста на службите. Официјално e пуштен нов систем за елетронски да се пријавуваат проблеми, дефекти и консултации со надлежните служби, во делот на комунални дејности, инспекцииски надзор, проблеми со осветлување и слично. Со комлетен увид на поднесени пријави, со статус дали се завршени и што е преземено  или одговорено, стои во соопштението од општина Кавадарци.

Од општината, исто така, информираат дека се подобрува и осветлувањето.

-Се спроведе тендер постапка за набавка на работи за изградба, реконструкција и модернизација на системот за улично осветлување. Целта е да се унапреди енергетската ефикасност на општината Кавадарци,  како и да се подобри квалитетот на животната средина, а притоа квалитетот на осветлувањето да биде во согласност со меѓународните стандарди и препораки за нивото на осветлување. Овој систем од кој ќе има многу придобивки, овозможува постојано следење на потрошувачката на електрична енергија и реакција во случај на дефект, прегорена светилка или див приклучок, односно кражба на енергија, нагласија од локалната самоуправа. свд/аа/

Back to top button
Close
Close