Дописници МКДОпштински вести

Кавадарци го урбанизираше запуштениот простор под хотел ,,Балкан”

Општина Кавадарци преку ангажираната фирма „Градба промет“ го урбанизираше запуштениот простор под хотел „Балкан“, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Кавадарци, 29 октомври 2020 (МИА) – Општина Кавадарци преку ангажираната фирма „Градба промет“ го урбанизираше запуштениот простор под хотел „Балкан“, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

– Според проектот се изврши поплочување со павер елементи. Претходно на оваа локација се изврши расчистување и подготовка на подлогата со рабници и тампон. Со овој зафат општината обезбеди и дополнителни паркинг места кои сега се во склоп на јавниот паркинг под хотелот „Балкан“, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму нагласија дека проектот е дел од заложбите на општината да се интервенира со комунална изградба и на вакви локации и дека со нивното урбанизирање се врши естетско разубавување и отстранување на неубавите слики од градот. свд/оџ

Back to top button
Close
Close