Дописници МКДХроникаХроника.Портал

Кавадарчанец приведен во полиција по физички напад врз полициски службеник

Додека полициските службеници од Полициската станица Кавадарци вчера вршеле служба на улицата „Тиквешко востание“ во Кавадарци,  Р.К.(34) со неговото возило ги попречувал во преземањето на службените дејствија и физички нападнал еден од полициските службеници.    

Кавадарци, 22 јуни 2020 (МИА) – Додека полициските службеници од Полициската станица Кавадарци вчера вршеле служба на улицата „Тиквешко востание“ во Кавадарци,  Р.К.(34) со неговото возило ги попречувал во преземањето на службените дејствија и физички нападнал еден од полициските службеници.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска соопшти дека лицето било приведено во Полициската станица.

По документирање на случајот, против него ке биде поднесена соодветна пријава.свд/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close