Дописници МКДОпштински вести

Кавадарчанец пријавил физички напад пред угостителски објект

Кавадарчанец пријавил физички напад од две лица пред угостителски објект, информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Кавадарци, 11 септември 2020 (МИА) – Кавадарчанец пријавил физички напад од две лица пред угостителски објект, информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

-Случајот е пријавен околу три часот изутринава во Полициската станица  Кавадарци. С.А. (37) пријавил дека пред угостителски објект во село Глишиќ бил физички нападнат од Џ.Д.(30) и И.М.(23), рече Додевски.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/мч/

Back to top button
Close
Close