0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Кавадарчанец без да знае бил впишан како основач на селска задруга од пријателка, сега не може да се избрише

Кавадарчанец без да знае и без да одобри бил впишан како член и еден од основачите на селска задруга од пријателка, сега не може да се разбрише. Низ ваква повеќегодишна драма поминува Петар Трајков од кавадаречкото село Сопот. МИА дојде до правосилната пресуда на кавадаречкиот суд од првата половина на 2018 година, со која неговото тужбено барање се уважува и се поништува како незаконит неговиот упис како еден од основачите на земјоделско сточарска задруга во кавадаречко село. Тој ја тужел задругата, затоа што без да знае, бил запишан како еден од основачите на задругата. Неговото запишување всушност го извршила пријателка која имала достапност до неговите податоци и лична карта, бидејќи порано биле поврзани поради работата. Таа всушност била и мајка на лицето овластено за застапување на задругата, како и еден од основачите на задругата, формирана на крајот од 2014 година.

Back to top button
Close
Close