0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници СветПолитика

Катругалос бара објаснувања од Дендиас зошто доцни ратификацијата на Меморандумите со Северна Македонија

„Кога Меморандумите со Северна Македонија ќе дојдат на гласање во Парламентот? Како ќе се решат значителните доцнења за учебниците и трговските ознаки?, прашува одговорниот за надворешна политика во СИРИЗА, Јоргос Катругалос во пратеничко прашање упатено до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 27 јануари 2021 (МИА) – „Кога Меморандумите со Северна Македонија ќе дојдат на гласање во Парламентот? Како ќе се решат значителните доцнења за учебниците и трговските ознаки?, прашува одговорниот за надворешна политика во СИРИЗА, Јоргос Катругалос во пратеничко прашање упатено до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега пратеник од опозициската партија, од Дендиас бара информации зошто доцни ратификацијата на трите Меморандуми со нашата земја и покрај тоа што во Парламентот беа донесени кон средината на септември минатата година.

Во пратеничкото прашање пишува дека и покрај ставот на актуелната грчка Влада за почитување на Договорот од Преспа, „сè уште се забележуваат сериозни проблеми на доцнење во нејзиното целосно спроведување и многу случаи на лицемерие од страна на министрите и членовите на Нова демократија“.

Во доцнењата што ги споменува Катругалос, освен ратификацијата на Меморандумите, го наведува и доцнењето во однос на комисиите за учебниците и за трговските ознаки.

-Јасно е дека противењето за Договорот од Преспа на одредени претставници на Нова демократија, вклучувајќи го и поранешниот премиер А. Самарас, не е оправдување за горенаведените доцнења, што им штетат на националните интереси, ниту за општото заложништво на Владата во важните области на надворешната политика, пишува Катругалос.

 

Од шефот на грчката дипломатија бара одговор за тоа кога Меморандумите ќе бидат донесени пред надлежната Комисија во Парламентот, како и на пленарна седница за ратификација; „кога се очекува да заврши процесот на повлекување или измена на учебниците со иредентистичка содржина во соседната земја?“; како и каков е планот на Министерството за надворешни работи во врска со „заштита на производите од Македонија“.

Исто така, прашува дали прашањата за учебниците и заштитата на производите биле покренати на средбата со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, за време на посетата на Атина и каков бил неговиот одговор. ср/са/

Таг
Back to top button
Close
Close