СветСвет.Портал

Католички вашингтонски надбискуп: Трамп ги прекрши верските принципи

Католичкиот вашингтонски надбискуп ја критикуваше посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на центарот посветен на папата Јован Павле Втори во период на масовни протести во САД, нарекувајќи ја посетата манипулација, јави Би-Би-Си.

Во соопштение пред посетата на Трамп на Националното светилиште на Свети Јован Павле Втори, надбискупот Вилтон Д. Грегори рече дека посетата ги крши верските принципи на црквата, додавајќи дека католиците треба да ги бранат правата на сите луѓе.

Сметам дека е збунувачки и понижувачки што кој било католички верски објект дозволува да биде толку ужасно злоупотребен и изманипулиран на начин што ги крши нашите верски принципи, кои не повикуваат да ги браниме правата на сите луѓе, дури и на оние со кои не се согласуваме“, порача надбискупот во соопштението.

Тој го осуди растерувањето на демонстрантите во близина на Белата куќа во понеделникот за да може Трамп, како што рече, „да ја посети епископската црква оштетена во протестите и да се фотографира со Библијата во рака пред претставниците на медиумите“.

Грегори е првиот Афроамериканец на чело на вашингтонската надбискупија. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close