БалканБалкан.ПорталДописници Свет

„Катимерини“: Сомнителни движења на стар турски танкер меѓу грчките острови Самос и Хиос

Стар турски танкер, кој тргнал од пристаништето Алиага во Турција, вчера наутро бил забележан сомнително да плови во морскиот дел меѓу грчките острови Самос и Хиос, пишува „Катимерини“ и коментира дека случајот потсетува на оној од 16 март 2020 година кога турски танкер со 196 нелегални мигранти се засука во близина на грчкиот остров Кеа, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 4 април 2020 (МИА) – Стар турски танкер, кој тргнал од пристаништето Алиага во Турција, вчера наутро бил забележан сомнително да плови во морскиот дел меѓу грчките острови Самос и Хиос, пишува „Катимерини“ и коментира дека случајот потсетува на оној од 16 март 2020 година кога турски танкер со 196 нелегални мигранти се засука во близина на грчкиот остров Кеа, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчкиот весник, танкерот се движел и во меѓународните и во турските територијални води, а брод од Крајбрежната служба на Грција добил наредба да плови во негова близина.

Турскиот танкер по околу четири часа го сменил правецот и се вратил во Турција.

-Според извори од Крајбрежната служба, карактеристиките на бродот наликувале на оние на танкерот што се засука на Кеа и иако не беше потврдено, се смета дека е веројатно да пренесуваше мигранти во Грција, пишува денеска „Катимерини“.

Весникот вчера објави дека во изминатите денови, грчката воена морнарица, на турското крајбрежје забележала околу шест товарни бродови, кои се подготвувале на грчките острови да пренесат нелегални мигранти, а „во Атина постои загриженост за обид да се повтори слично сценарио со она од 16 март“ со бродот на Кеа. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close