0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Катица Јанева направила инцидент во Заводот за ревизија при увид на извештај за работата на СЈО

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска направила инцидент во Државниот завод за ревизија додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО.

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска направила инцидент во Државниот завод за ревизија додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО.

-Во 10:30 часот  К.Ј (1965) по наредба од Основен кривичен суд Скопје била спроведена во Држвен завод за ревизија  во Палатата „Емануел Чучков“, каде го нарушила јавниот ред и мир со дрско и непрстојно однесување на јавно место. Сочинет е записник за констатираниот прекршок, соопштија од МВР.

Во присуство на обвинител од Обвинителството за организиран криминал каде се води предистражна постапка за високите бонуси на СЈО, на Јанева како одговорно лице на СЈО, и бил презентиран извештајот на ДЗР за извршената ревизија на финансиското работење на Специјалното обвинителство. вг/са/

Back to top button
Close
Close