МКДОпштински вестиСкопје

Катче за дневен одмор од дрвени палети во детска градинка во Кичево

Инвентивноста на вработените и директорот од детската градинка „Олга Мицеска“ во Кичево, придонесоа во дворот на најголемата и најстара детска градинка во градот, од дрвени палети да создадат катче за дневен одмор.

Кичево, 17 мај 2021 (МИА) – Инвентивноста на вработените и директорот од детската градинка „Олга Мицеска“ во Кичево, придонесоа во дворот на најголемата и најстара детска градинка во градот, од дрвени палети да создадат катче за дневен одмор.

-За да создадеме пријатно катче за дневен одмор во пространиот двор на детската градинка набавивме повеќе дрвени палети од кои формиравме  ново катче за одмор, како за децата така и за вработените. На овој начин ги споивме корисното и практичното и од претходно искористени палети без дополнителен трошок  го создадовме ова катче, кое ќе ни послужи во наредните неколку месеци. И наместо за горење, дрвените палети добија нова практична намена, вели директорот Садик Ахмети и најави дека и во останатите детски градинки ќе бидат создадени слични катчиња за дневен престој, а уште едно катче ќе биде создадено во истата детска градинка.

Тој додаде дека со поставувањето на нова ограда во две детски градинки, се што е поставено во дворот останува долго да им служи на децата и вработените во овие градинки, што претходно не беше случај.  за/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close