0_Македонија.ПорталДописници СветПолитика

Касами од Курти побара новата косовска влада да биде „поактивна во однос на Албанците во Северна Македонија“

Лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти го прими денеска претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, кој изрази надеж дека новата косовска влада ќе има „поактивен однос кон проблемите и маките“ на Албанците во Северна Македонија“.

Приштина, 14 декември 2019 (МИА) – Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да биде иден премиер на Косово откако неговата партија победи на вонредните парламентарни избори, го прими денеска претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, кој, како што соопшти ВВ, изрази надеж дека новата косовска влада ќе има „поактивен однос кон проблемите и маките на Албанците во Северна Македонија“.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Касами му честита на Курти за изборната победа и изрази уверување дека „изразената волја за промени (во Косово) испрати позитивни сигнали во регионот, а посебно кај Албанците во Северна Македонија “.

Курти, според соопштението од неговата партија, се заложил за тоа на Албанците во Северна Македонија „освен што ќе им се почитуваат правата и слободите, да им се прошират и можностите за прогрес и добросостојба“.

Соговорниците се договориле во иднина да ја зачестат комуникацијата. иа/ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close