ПолитикаПолитички партии

Касами: Добредојдени во коалицијата сите партии посветени на евроатлантскиот пат на С. Македонија

Во коалицијата се добредојдени сите партии посветени на евроатлантскиот пат на Северна Македонија, вели претседателот на движењето БЕСА Биљал Касами, по денешното официјализирање на коалицијата со СДСМ.

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Во коалицијата се добредојдени сите партии посветени на евроатлантскиот пат на Северна Македонија, вели претседателот на движењето БЕСА Биљал Касами, по денешното официјализирање на коалицијата со СДСМ.

На новинарско прашање дали по изборите би се согласиле да влезе и ДУИ во нивната коалиција, Касами изјави дека тоа е можно за сите политички партии кои би ги прифатиле вредностите на оваа коалиција без прифаќање на никакви услови и уценувања.

Движењето Беса е партија создадена од потребите на граѓаните на Северна Македонија, а особено на албанските граѓани, се појави како револт од неуспехот на ДУИ и ќе продолжи уште долго време по заминувањето во историјата на ДУИ, рече Касами, коментирајќи ја денешната изјава на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи дека „Топењето на Беса во ,сојуз’ со СДСМ е на штета на Албанците“.

Нашата партија, укажа, е автентична, автономна и автохтона.фф/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close