ЕвропаЕвропа.Портал

Карневалот во Венеција откажан поради коронавирусот

Властите во Венеција одлучија да го откажат познатиот карневал и сите случувања во градот поради ширење на коронавирусот.

Венеција, 23 февруари 2020 (МИА) – Властите во Венеција одлучија да го откажат познатиот карневал и сите случувања во градот поради ширење на коронавирусот.

Иако се очекувало присуство на повеќе илјади туристи, кои цела година го чекале карневалот, поради големиот број заболени и две починати лица од новиот вирус, сите настани се откажани и тоа најмалку една недела.

Иста мерка е преземена и во Милано, каде во рамки на модната недела е откажана ревијата на Армани.

Досега во Италија се регистрирани над 100 случаи на заразени од коронавирус, од кои две лица починаа. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close