0_Спорт.ПорталКошарка

Кармело Ентони не отпатува на мечот на Лејкерс поради здравствен протокол

Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони не отпатува со тимот за мечот против Лејкерс.

Лос Анџелес, 28 декември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони не отпатува со тимот за мечот против Лејкерс.

Ентони остана во Орегон „придржувајќи се на протоколот за здравје и безбедност на НБА“. Ова го соопшти клубот.

Триесет и шестгодишниот Ентони има просек од 10 поени по натпревар на неговите две воведни средби сезонава.

Средбата Лос Анџелес лејкерс – Портланд е закажана за ноќта понеделник кон вторник со почеток во 4 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close