0_Спорт.ПорталОстанато

Карлос Саинс: Секој пилот во Ф1 ќе победи во болидот на Мерцедес, но не против Хамилтон

Возачот на Мекларен, Карлос Саинс реагираше на коментарот на неговиот поранешен клупски колега Макс Верстапен, кој верува дека 90 проценти од возачите во Формула 1 би победиле во Мерцедес.

Лондон, 23 ноември 2020 (МИА) – Возачот на Мекларен, Карлос Саинс реагираше на коментарот на неговиот поранешен клупски колега Макс Верстапен, кој верува дека 90 проценти од возачите во Формула 1 би победиле во Мерцедес.

– Тешко прашање, но јас се согласувам со Макс. Деведесет проценти веројатно би победиле на трките и пол-позициите во болидот на Мерцедес. Но, ако против себе го имаат Хамилтон, тогаш ниту еден процент од нив немаше да победи. Како и да е, ако го оставиме Хамилтон надвор од конкуренцијата, тогаш, веројатно, сите што беа во трките ќе победеа во Мерцедес. Ова најдобро го одразува она што се случува во денешната Формула 1, но исто така покажува дека Хамилтон е еден од најдобрите – иако вози со  најбрзиот болид, изјави Сајнс.

Неодамна Хамилтон ја обезбеди седмата титула светски шампион во Формула 1 и се изедначи по бројот на трофеи со Михаел Шумахер. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close