0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.Слајдер

Карл Луис за американската штафета 4х100 метри: Целосен неуспех, тие изгледаат полошо од деца

Вашингтон, 5 август 2021 (МИА) – Деветкратниот олимписки шампион во атлетика Карл Луис ги критикуваше американските тркачи откако САД не успеаја да се квалификуваат за машкото штафетно финале на 4×100 метри на Игрите во Токио.

– Американскиот тим направи се погрешно во штафетата за мажи. Погрешно додавање на палката, започнување на погрешна нога и очигледен недостаток на лидер во тимот. Ова е целосен неуспех и апсолутно неприфатливо за американскиот тим. Тие изгледаат полошо од децата од аматерската асоцијација, напиша Луис.

Американците го заземаа 6. место во квалификациската трка. зс/

Back to top button
Close
Close