Дописници МКДОпштински вести

Карикатуристот Блаже Докуле добитник на наградата „Тоде Петревски“

Редакцијата на „Битолски весник“ ја додели наградата за новинарство „Тоде Петревски“ во чест на покојниот новинар на Радио Скопје, дописник од Битола, Тоде Петревски кој почина на 30 мај 2004 година.

Битола, 29 мај 2020 (МИА)Редакцијата на „Битолски весник“ ја додели наградата за новинарство „Тоде Петревски“ во чест на покојниот новинар на Радио Скопје, дописник од Битола, Тоде Петревски кој почина на 30 мај 2004 година.

Годинашен добитник на наградата е познатиот битолски карикатурист Блаже Докуле, кој најчесто објавува карикатури во националниот и локалниот печат и зад себе има 50 годишна успешна кариера во областа на карикатурата.

Карикатуристот Блаже Докуле соработувал со бројни специјалзирани сатирично – хумористични весници од државата и странство, како што се белградски „Јеж“, словенечка „Павлиха“ и македонските весници Нова Македонија, Вечер, Екран, Остен, Дело, Република, Комунист, Трудбеник,  Битолски весник, детските веснци Наш Свет, Развигорче, Борба и Насмевка.

Во својата кариера нацртал над 50 илјади карикатури, цртежи, илустрации и стрипови.

Наградата од Битолски весник на Докуле, во присуство на членови на семејството Петревски, му ја главниот уредник Менде Младеновски.мт/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close