0_Спорт.ПорталТенис

Кариерата на Мареј може да се сведе само на игра во двојки

Енди Мареј поради повредата на колкот го пропушти годинашното издание на Австралија опен. Но, притоа откажа учество и на два турнира во Европа со што уште еднаш ги подгреа дилемите за можноста за сериозно враќање во светскиот тенис.

Глазгов, 3 февруари 2020 (МИА) – Енди Мареј поради повредата на колкот го пропушти годинашното издание на Австралија опен. Но, притоа откажа учество и на два турнира во Европа со што уште еднаш ги подгреа дилемите за можноста за сериозно враќање во светскиот тенис.

Последниот меч во поединечна конкуренција го одигра против Талон Грикспор во рамки на Дејвис купот што го доби со 2:1. Пред тоа триумфира на турнирот во Антверпен и одигра седум натпревари на три турнири во Азија.

„Доколку нема подобрување, тоа ќе значи можен крај на надежите на Мареј и во голема мера ќе го лимитира неговиот кам-бек. Можеби ќе моќе да игра во двојки, но сингл ќе биде премногу“, порачува ортопедот и хирург, Жилс Стафорд кој ја надгледуваше рехабилитацијата на Шкотланѓанецот.

Мари моментно е 127 рекет во светот. Лани ја пропушти целата сезоната од Австралија опен до Вимблдон, а во сингл се врати на Мастерсот во Синсинати.

„Се тврди дека имплантот на Мареј дава подобра можност за движење од стандардниот имплант, но тоа засега не е случај. Тој има ограничен домет на движење. Мислам дека премногу го форсира колкот при движење што предизвикува многу големо трошење на бутната коска. Затоа мора да го промени начинот на движење“, додаде Стафорд. сѓд/

Таг
Back to top button
Close
Close