0_Спорт.ПорталКошарка

Кари стана вториот играч во историјата на Голден Стејт со постигнати 17 илјади поени

Сан Франциско, 3 февруари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари стана вториот играч во клупската историја кој ја помина границата од 17.000 поени во својата кариера.

Кари ноќеска на натпреварот со Бостон постигна 38 поени и стигна до 17 011 поени. Двократниот МВП на НБА лигата има просечни 23,6 поени по натпревар.

Лидер на вечната листа по број на постигнати поени за Голден Стејт е Вилт Чембрлен со 17.783 поени. Легендарниот центар имаше просек од 41,5 поени по натпревар. зс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close