0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Кари прв стрелец во историјата на Голден Стејт

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари постигна 53 поени ноќеска на натпреварот со Денвер (116:107) и стана најефикасниот играч во тимот.

Сан Франциско, 13 април 2021 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари постигна 53 поени ноќеска на натпреварот со Денвер (116:107) и стана најефикасниот играч во тимот.

Триесет и тригодишниот Американец се искачи на врвот на листата на стрелци во историјата на Голден Стејт. Тој има 17 784 поени.

Претходно, ова достигнување му припаѓаше на Вилт Чембрлен со 17 783.

Исто така Кари постигна 30+ поени на седмиот натпревар по ред оваа сезона во НБА-лигата. Ова е рекорд во неговата кариера.

По 54 натпревари во тековната сезона, Голден Стејт има 26 победи и 28 порази и е 10-ти во Западната конференција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close