0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Кари на тренинг погоди 105 тројки по ред (видео)

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари постигна 105 тројки во низа за време на вчерашниот тренинг.

Сан Франциско, 27 декември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари постигна 105 тројки во низа за време на вчерашниот тренинг.

Кошаркарот ниту еднаш не промаши шут за тројка во серијата која траеше пет минути и десет секунди.

Видеото е објавено на официјалниот Твитер на Голден Стејт.

Кари беше избран како 7-ми пик на НБА-драфтот во 2009 година од Голд

ен Стејт. Како дел од Вориорс, кошаркарот стана три пати шампион во лигата и двапати ја доби наградата за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната МВП.

Во историјата на НБА, Кари е трет најпрецизен играч за три поени со 2.495 реализации и  најдобар во оваа статистичка категорија од активните играчи. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close