0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Кари ќе пропушти барем уште една недела поради повреда

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари ќе пропушти барем уште една недела поради повреда на опашната коска на карлицата. Снимката со МНР покажа воспаление кај играчот.

Сан Франциско, 24 март 2021 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари ќе пропушти барем уште една недела поради повреда на опашната коска на карлицата. Снимката со МНР покажа воспаление кај играчот.

Кари пропушти два натпревара, против Мемфис и со Филаделфија.

Според главниот тренер на Вориорс, Стив Кер, Кари ќе пропушти уште три натпревари пред да биде повторно прегледан.

Кари се здоби со повреда во текот на третата четвртина против Хјустон на 17 март. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close