0_Спорт.ПорталСпорт

Каратистката Камелија Недев положи за црн појас

Камелија Недев која е повеќекратен државен шампион на Македонија во категоријата деца во кати, кумите и кихон на МТКФ летниот семинар во Валона, Албанија, што се одржа минатата недела положи за црн појас 1 дан.

Скопје, 5 септември 2020 (МИА) – Камелија Недев која е повеќекратен државен шампион на Македонија во категоријата деца во кати, кумите и кихон на МТКФ летниот семинар во Валона, Албанија, што се одржа минатата недела положи за црн појас 1 дан.

Камелија има осум години, а карате започна да вежба на четири години. Таа  е и светски шампион во кати за деца од последниот СШ што минатата година се одржа во Германија.

Камелија Недев веќе втора година е стипендист спортска надеж на Агенцијата за млади и спорт, тренер е нејзиниот татко Дејан Недев. цр/хс/

Back to top button
Close
Close