0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Караско повторно во Атлетико Мaдрид

Белгиецот Јаник Караско се врати во Атлетико Мадрид. Обновената соработка со поранешниот член ја потврдија и од клубот од „Ванда Метрополитано“.

Мадрид, 31 јануари 2020 (МИА) – Белгиецот Јаник Караско се врати во Атлетико Мадрид. Обновената соработка со поранешниот член ја потврдија и од клубот од „Ванда Метрополитано“.

Караско од февруари во 2018 година играше за кинески Далиан за кој во 52 натпревара даде 24 гола и до крајот на сезона ќе игра како позајмен фудбалер во неговиот стар клуб.
На Атлетико му се придружи во 2015 година од Монако и за три години во екипата на Диего Симеоне одигра 124 средби во кои реализира 23 погодоци.
За Белгија досега одигра 41 меч и има постигнато шест голови. сѓд/

Back to top button
Close
Close