ЕвропаЕвропа.Портал

Карантинот во Италија ќе продолжи до 3 мај

Италијанската Влада одлучи до 3 мај да го продолжи карантинот наметнат поради коронавирусот, што истече на 13 април, објавија италијанските медиуми повикувајќи се на синдикатите.

Рим, 10 април 2020 (МИА) – Италијанската Влада одлучи до 3 мај да го продолжи карантинот наметнат поради коронавирусот, што истече на 13 април, објавија италијанските медиуми повикувајќи се на синдикатите.

Одлуката, што се уште не е официјално објавена, беше нагласена вчера на состанокот на членовите на кабинетот, вклучително и премиерот Џузепе Конте, со претставници на синдикатот и претставниците на работодавачите.

„Застанете до 3 мај, а потоа излегуваме“, пишува „Стампа“, сопственост на „Фиат“.

„Италија ќе биде затворена до 3 мај“, пишува на насловната страница на весникот „Кориере дела Сера“, што има најголем тираж.

Според медиумите, по 13 април може да се олеснат и мерките за некои несуштински активности, како што се книжарниците, продавници за канцелариски материјали, продавниците за облека за деца и некои компании за земјоделски машини. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close