ЕвропаЕвропа.Портал

Карантинот поради коронавирусот може да таре со месеци, соопшти португалскиот премиер

Ограничувањата поради новиот коронавирус може да траат „еден, два, три месеци“, изјави португалскиот премиер Антонио Кошта.

Лисабон, 1 април, 2020 (МИА) – Ограничувањата поради новиот коронавирус може да траат „еден, два, три месеци“, изјави португалскиот премиер Антонио Кошта.

Вкупно 3.600 компании побарале поддршка од португалската Влада да платат дел од платите на 76.000 вработени чија работа е стопирана како резултат на кризата со коронавирус, додаде тој.

Претседателот на Португалија Марсело Ребелу де Соуза се очекува попладнево да донесе одлука дали да се продолжи со вонредната состојба прогласена на 18 март, со која се наметнува ограничување на движењето на луѓето и предизвика затворање на илјадници бизниси.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во земјата е 8251, а 187 луѓе починале.

– Не знаеме дали тоа ќе трае еден, два или три месеци и ова очигледно е застрашувачко за сите, рече Кошта за локални медиуми. Тој ги потсети граѓаните дека и покрај приближувањето на Велигден, тие нема да можат да одат кај другите членови на семејството за да слават заедно. јт/зш/

Таг
Back to top button
Close
Close