Дописници МКДОпштински вести

Карантин за Куманово со посебни мерки бара општинскиот кризен штаб

Четиринаесет дневен карантин за Куманово со повеќе посебни мерки, бара општинскиот кризен штаб на денешната 30 седница.

Куманово, 14 април 2020 (МИА)Четиринаесет дневен карантин за Куманово со повеќе посебни мерки, бара општинскиот кризен штаб на денешната 30 седница.

 -Бараме од Влада на РСМ за издвојување на Општина Куманово и нејзината територија од рамката на општите мерки на Влада на РСМ, кои важат за севкупната територија на РСМ, со дополнителна 14-дневна, 24-часовна изолација (карантин во посебни услови) кој ќе важи од петок, 17.04.2020, и ќе трае до понеделник, 04.05.2020 година, со почитување на досегашните донесени мерки од Влада на РСМ, како и дополнителни претходно јасно дефинирани постапки во ваква ситуација од страна на ОШЗС на Општина Куманово, се вели во соопштенито на штабот.

Под посебните мерки кои што треба да важат во овие услови се издавање  дозволи за движење на лица коишто се професионално ангажирани во институциите и стопанството, пунктови за контроли на влез и излез во и вон градот, дезинфекција на возила, патници, епидемиолошки мерки за дезинфекција на зафатени подрачја, обезбедување транспорт на намирници, енергетски потреби за институциите, вклучени во дејствија против Ковид 19.

Во вакви услови се предвидува достава на храна до домаќинства за периодот на карантин, вклучување поголем број оператори кои ќе имаат дозволи од штабот, се бара и разработување на Одлуката на Владата за мерките за земјоделците и сточарите за вршење на активности во карантин, јакнење на човеков капацитет во здравството, болницата, на епидемиолошката служба. Под посебните мерки предвидено е да се дефинира начин за одлагање на комуналниот отпад од семејства каде има позитивни случаи, да се обезбеди заштитина опрема  на кумановци, задолжително да се носат маски и ракавици на отворен простор. Штабот бара Центарот за социјални работи да се вклучи во следење на состојбата на лица со попреченост, на социјално загрозени семејства со снабдување со неопходни продукти, храна, заштитна опрема за време на карантин.

-Воспоставување на континуиран медицински процес и процес на континуирана контрола на нови лица, бегалци влезени или фатени во процес на криумчарење, а се или ќе бидат предмет на сместување во ТПЦ Табановце – Куманово, нивна изолација или евентуален карантин, се вели во соопштението на штабот.

Оттаму бараат од здравствените власти да им дадат приоритет на тестовите на здравствените работници од Куманово, навремено информирање, за, како што велат, да не се креира нереална епидемиолошка слика во општината. Од штабот апелираа до Црвениот крст, хуманитарните, невладините здруженија од Куманово да се координираат со штабот и да дистрибуираат дополнителна помош за граѓаните за време на карантин.ам/ир

Таг
Back to top button
Close
Close