0_Web_АктуелноBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Капиталните инвестиции во буџетот во 2019 со реализација од 78 отсто

Седумдесет и осум проценти е реализацијата на капиталните расходи во Буџетот за 2019 година во однос на проекцијата. Во апсолутен износ капиталните изнесуваат 17,8 милијарди денари, што е за 5,7 милијарди повеќе во однос на 2018 година или за 46,6 отсто повеќе.

Скопје, 2 јануари 2019 (МИА) – Седумдесет и осум проценти е реализацијата на капиталните расходи  во Буџетот за 2019 година во однос на проекцијата. Во апсолутен износ капиталните изнесуваат 17,8 милијарди денари, што е за 5,7 милијарди повеќе во однос на 2018 година или за 46,6 отсто повеќе.

Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска презентирајќи ги првичните податоци за реализација на Буџетот за 2019 година денеска на прес-конференција.

Таа потенцира дека исклучително добра реализација на капиталните расходи имало во декември од 6,7 милијарди денари, во  рамки на кои се реализирани набавка на лесни оклопни возила за потребите за НАТО членството, гасификација, откуп на акции од АД ГАМА, инвертери, колекторски систем Охрид и други проекти.

-Ќе истакнам дека треба да продолжиме да работиме на подобрување на реализацијата на капиталните расходи. Еден од начините на кој може да се делува е фискалната транспарентност. Кога ја објавивме алатката за Капитални расходи со кои на располагање и ја ставивме на јавноста реализацијата по буџетски корисници веднаш потоа имавме подобра реализација скоро кај сите буџетски корисници. Понатаму, при планирањето на овогодишниот буџет, при утврдувањето  на сумите кај капиталните проекти го земавме предвид и поведението на буџетските корисници, односно претходната реализација на капитални проекти. На долг рок подобра реализација на капиталните расходи ќе обезбедиме преку подобрување на среднорочното планирање на буџетот, како и преку воведување на интегриран систем за управување со јавните финансии предвидени со новиот закон за буџети, рече Ангеловска.

Најголема реализација на капитални инвестиции како процент од планираното и како апсолутен износ на реализација ги посочи Министерството за транспорт и врски со 3,4 милијарди денари или 85,4 отсто од проекцијата, Владата со реализирани 2,9 милијарди денари или 98,9 отсто, Министерството за одбрана со 1,2 милијарди денари или 81,3 отсто, Министерството за внатрешни работи со 931 милиони денари  или 92,2 отсто, Министерството за финансии со 908 милиони денари или 87,9 отсто реализација и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието со 718 милиони денари и 99,7 отсто реализација.

Според презентираните резултати буџетските приходи се реализирани во износ од 203,9 милијарди денари, што е 97 отсто од проекцијата и е раст од 8,2 отсто во однос на 2018 година. Во рамки на вкупните приходи, даночните приходи и придонесите се реализирани во износ од 97,2 отсто или 178,9 милијарди денари, што е зголемување од 4,6 отсто во однос на 2018 година. Придонесите се реализирани во износ од 101,2 отсто, додека данокот на додадена вредност е реализиран во целосен износ од проектираното, односно 100 отсто или во апсолутен износ 52,1 милијарда денари и истиот е за 5,7 отсто повисок во однос на минатата година.

Вкупните расходи во 2019 година година се реализирани во износ од 217,6 милијарди денари  или 3,5 милијарди евра или 95,3 отсто од проектираното со буџетот. Ангеловска посочи дека со овие средства редовно се сервисирале обврските на државата како редовна исплата на плати и пензии, на социјални трансфери, субвенции, блок дотации кон општините итн.

Буџетскиот дефицит за 2019 изнесува 13,6 милијарди денари или 1,95 отсто од проектираниот БДП за 2019 година и за финансирање на истиот како и отплата на долгот се користеле домашни и странски извори, односно 148,7 милиони евра нето повлекување преку државни хартии од вредност, 125 милиони евра ДПЛ кредит од Светска банка, како и дел од депозитот од претходната година.

Министерката за финансии посочи дека економијата е во добра кондиција со раст од 3,6 отсто во првите три квартали од 2019.

-Овој раст е на широка основа, односно имаме раст и во градежништвото и индустријата со 5,6 отсто раст од почетокот на годината заклучно третиот квартал, и во земјоделството со 4,2 отсто, во бруто инвестициите со раст од 5,3 отсто, потрошувачката со 3,8 отсто и извозот со 12,2 отсто раст заклучно третиот квартал,  рече Ангеловски и посочи дека и вработеноста продолжила да расте, така што во третиот квартал од 2019 година има 40 илјади лица повеќе вработени во однос на третиот квартал од 2018 година.

Просечната плата согласно последните податоци на Државниот завод за статистика во октомври изнесува 25.726 денари или тоа е годишен раст од 3,7 отсто, рече Ангеловска.скс/ац/

Back to top button
Close
Close