Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Канти за отпадоци, електрични тротинети, мотори, велосипеди откриени на дното во морето во Солун

Велосипеди, мотори, канти за отпадоци, колички од супер маркет, како и 80 електрични тротинети се само дел од предметите откриени на дното на морето во Солун во акцијата на општината, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 20 јануари 2020 (МИА) – Велосипеди, мотори, канти за отпадоци, колички од супер маркет, како и 80 електрични тротинети се само дел од предметите откриени на дното на морето во Солун во акцијата на општината, јави дописничката на МИА од Атина.

Во трета фаза за чистење на морето, дното било скенирано со подморски дрон во соработка со професорот Јоргос Минос од Меѓународниот универзитет на Грција.

Сократис Димитриадис, заменик градоначалник на Солун, одговорен за животна средина за грчката телевизија „Скај“ вели дека биле навистина изненадени од тоа што било снимено со дронот.

-Добивме 45 сигнали, меѓу кои од електрични тротинети, електрични велосипеди, многу колички од супермаркет, мотори, големи и помали, мотор за глисер и еден голем контејнер на општина Солун. Ќе се извлечат во следните 10-15 дена во зависност дали времето ќе го дозволи тоа. Ќе спроведеме акција со два – три чамци и нуркачи за да ги извлечеме и секако со помош на кран од копно за големите предмети, вели Димитриадис за „Скај“.

Ова е третата фаза од активностите на општина Солун за чистење на морето во близина на шеталиштето. Во првите две фази беа извлечени вкупно 80 електрични тротинети. ср/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close